Makedonski

Институтот за словенска филологија УАМ

Срдечно Ве поканува на

Меѓународната научна конференција

ТАБУ – СО ШИРОКО ОТВОРЕНИ ОЧИ

8 – 10 декември 2009 год., Познањ

Конференцијата ќе биде посветена на табуата во литературата, културата, фолклорот и словенските јазици. Табуто игра важна улога во развојот на меѓукултурното разбирање бидејќи е присутно во секоја култура, а во неговите основни функции се впишува одржувањето на неговиот континуитет и интегритет. Современоста создава услови за множење на различни видови на табуа, што чецто го отежнува процесот на решавање на многу комуникациски проблеми. Затоа во рамките на конференијата, покрај другите, ќе бидат разгледани следниве проблеми: дали културата на Балканот ги одржува табуата или преминува преку неговите граници? На кој начин кршењето на табуто допринесува во форморањето на културата? На кој начин се третирани табуата со кои се сретнуваме во словенските култури и помеѓу словенските народи? Дали сме во состојба истите да ги препознаеме и почитуваме?

Тематиката на конференцијата ќе ниде насочена кон следниве истражувачки полиња:

• Теми табу во литературата

  • Табу траги во женската литература
  • Свето и проклето во литературата
  • Естетика на смртта, телесноста, болката, половоста

• Граници на табуто во културата Granice

  • Уметноста како ритуал којшто ја канализира напнатоста произлезена од постоењето на табуто
  • Ескалација на табуто во попкултурата
  • Свет полн со табуа а медиумите милчат

• Улогата на табуто во народната традиција

  • Табуто како извор на стандардни обреди
  • Страв од нарушување на табуто
  • Нечистото и безбожното во фолклорот

• Современи јазични табуа

  • Рушење на табуата
  • Магичната функција на јазикот
  • Еуфемизмите како изрази за љубезност или средство на цензурата

Јазици на конференцијата: сите словенски и англиски јазик.

Насловот на рефератот заедно со кратко резиме да се испратат на адреса: tabuslav@gmail.com најдоцна до 15 јули 2009 год. (пријавен формулар во прилог).

Котизацијата изнесува 120 евра (плаќање на место).

Организаторите обезбедуваат сместување, исхрана и публикација на зборник од конференцијата.

Детални информации за сместувањето и конференциската програма ќе добите во следните писма.

Организатори:

dr Anna Skibska:

dr Joanna Dobosiewicz:

dr Natalia Długosz

mgr Zvonko Dimoski

Секретар на конференцијата:

mgr Bartek Konic

Reklamy

Skomentuj

Wprowadź swoje dane lub kliknij jedną z tych ikon, aby się zalogować:

Logo WordPress.com

Komentujesz korzystając z konta WordPress.com. Wyloguj / Zmień )

Zdjęcie z Twittera

Komentujesz korzystając z konta Twitter. Wyloguj / Zmień )

Zdjęcie na Facebooku

Komentujesz korzystając z konta Facebook. Wyloguj / Zmień )

Zdjęcie na Google+

Komentujesz korzystając z konta Google+. Wyloguj / Zmień )

Connecting to %s

%d blogerów lubi to: